Од 7- ми јуни во Кино Милениум второто продолжение на Паркот Јура, полн со акција авантура и научна фантастика Светот Јура-Паднатото кралство.

Кога заспаниот вулкан на островот ќе почне да заживува, Овен и Клер почнуваат кампања за да ги спасат од изумирање преостанатите диносауруси. Овен на сите начини се обидува да ја најде Блу, неговиот грабливец, кој е изгубен во дивината, додека Клер стекнува почит кон овие суштества, кои стануваат нејзина мисија. Тие стигнуваат на островот во моментот лавата почнува да го уништува и нивната експедиција открива завера, која може да ја загрози целата планета и да ја доведе во состојба каква што не е видена уште од праисторијата.

Во режија на  J.A. Bayona
улоги: Bryce Dallas Howard, Chris Pratt, Jeff Goldblum, Toby Jones