Во Културно- информативниот центар на Македонија во Софија, вечерва од 18 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на двајца македонски ликовни творци Дарко Талески и Ферди Булут.

Изложбата со наслов “Дел од мене”, содржи фотографии, видозаписи и видеоперформанс, инспириран од пелагонискиот регион на Македонија и тутунот како примарна култура за финансиски опстанок на овој македонски регион.