ЛИБЕРТАНГО е најновата продукција на МОБ и последна премиера за сезона 2017/2018.

Традицијата  на Македонската опера и балет и понатаму продолжува со доближување на оперската и балетската уметност до публиката. Овој пат, ќе го пречекаме летото во ритамот на либертангото.

За прв пат на сцената во Македонската опера и балет ќе се изведе премиера на балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, на 14 ЈУНИ  (четврток) 2018 година, почеток во 20.00 часот и реприза која ќе биде изведена на 16. ЈУНИ (сабота), со почеток во 20.00 часот.

Дозволете да бидете понесени од танцот на страста, желбата и љубовта