Поглед кон градот и езерото Комо

Lago Di Como – Простор кој дише со  историја, убавина и отменост

Пишува Татјана Гогоска 

Комо е град и општина во Ломбардија, оддалечена околу 45 километри северно од Милано, и главен град на истоимената провинција Комо. Сместен е на јужниот брег на истоименото езеро Комо и има околу 85 илјади жители.

Со Езерото Комо кое е сместено под Алпите, создаваат волшебна комбинација со што прават овој регион на Комо да е атрактивна туристичка дестинација уште од 19-ти век. Оттогаш Комо е место со цркви, паркови, музеи, театри, палати и преубава хортикултура,меасто вредно да се посети.

 

Историја на Комо

Брдата околу градот  се населени од бронзено време, а тука живеело келтското племе Ороби. Остатоци од нивните населби уште се наоѓаат на југозападните брегови. Околу првиот век пред нашата ера, градот и околината станале дел од Римската Република.

Најнапред центарот на градот бил на околните брегови, но со време градот се спуштил покрај брегот на езерото по наредба на Јулије Цезар, кој исто наредил  да се исуши мочуриштето на југот од езерото и изградил типичен утврден римски град, со правилен распоред на улици. Тој град го нарекол Ново Комо и добил статус на општина.

Во 774 година Франците го зазеле Комо и после тоа станал многу важно трговско седиште на тој дел од Италија. Околу 1127 година Комо ја изгубил војната која ја водел една деценија со Милано. После многу децении со помош на Фридрик Барбаросе, Комаските се осветиле на Миланезите, кога градот Милано бил разорен.

Од тој период може да се видат изградените утврдувања во градот а тоа е Барадело.

 

После ова историјата на Комо е врзана за Ducato di Milano , кога се случила и Француската инвазија и доминацијата на Шпанија се до 1714 година, кога градот конечно припаднал на Светото Римско Царство. После тоа градот го зазел и Наполеон кога се спуштил во Ломбардија  се до 1815 г. Со него владееле и Австријците се до 1859 година, кога е солободен и конечно станал дел на Кралството Италија  а подоцна Република Италија.

Сето ова покажува дека со местоположбата, природните убавини и потенцијалите на Комо, градот со езерото, биле мета за посојана борба и превласт. Од сите овие периоди и разни премрежија во Комо и околината  може да видите градби и знаменитости кои сведочат за сето ова.

Важно е да се спомене дека при крај на Втората светска војна во околината на Комо е заробен Бенито Мусолини од страна на италијанските партизани, кој сакал преку Комо да се префрли во Швајцарија. Стрелан е недалеку од Комо во малото гратче Giulino di Mezzegra, кое лежи малку посеверно на езерото.

Ако имате среќа можете да појдете до самата граница со Швајцарија во познатото планинско место, езеро и национален парк Сан Маурицио, на 30- тина километри каде на самата граница има италијанско- швајцарски ресторан со преубав поглед и вкусни италијански и швајцарски специјалитети.

Национален парк- Сан Маурицио

 

Животот денес во Комо

Типична уличка на Комо

 

Комо денеска е преполн со згради и градби кои ги правеле неговите познати градители, наречени како maestri comacini (мајстори од Комо) по кој градот и бил славен. Maestri comacini, ѕидари, архитекти и декоратери биле познати од средниот век и во цела Европа ја ширеле својата уметнички дарби и занатски вештини и  нивниот стил станал познат како ломбардиски стил на градба. Центарот од градот е плоштадот од 19-ти век Piazza Cavour, од кој се расшируваат уличките на исток и запад низ брегот на езерото.

Луѓето се занимаваат со туризам, архитектура, декорирање а во Комо е најголемата фабрика за свила во Европа. Оттаму декорирањето и модата на дофат до Милано, еден од центрите на Европската мода го наоѓааат својот спој.

Климатски услови

Разминување на бродови по езерото

Комо во поголемиот дел од годината има влажна дури суптропска клима. Зимите не се долги, но се магловити, влажни и ладни со повремени периоди на мраз, кога продира сибирскиот антициклон. Најубавиот период за посета на Комо се пролетните или раноесенските денови, додека во тек на летото може да има многу високи температури со ненадејни олуи. Ветер многу малку има во Комо. Во секој случај, мирното езеро, погледот на Алпите и совршените градби ви даваат да се чуствувате опуштено во Комо кога и да го посетите,

Предлог од kulturno.mk: ставете го на вашата листа на места кои треба да ги посетите и уживајте во прошетките по езерото или околу него, или пак низ уличките толку италијански а светски.

Фото за kulturno.mk Тања Велкова