Работа

По минатата недела кога младата месечина го посети вашето 10/то поле на кариерата и ви отвори нови почетоци, сега е полесно

Следете ја патеката на која само што застанавте и целта сигурно ќе ја постигнете. Работите ќе ги извршувате со леснотија и голем елан.

Љубов

Неповолно космичко случување на љубовен план за вас е ретроградното движење на Нептун, планетата на скриените намери и илузиите, во вашиот сектор на партнерствата.

Од 19 јуни натаму можно е да ви се причинува дека партнерот не ве сака повеќе, дека крие нешто од вас или дека повеќе не ве гледа со исти очи како некогаш. Многу е важно е да разговарате со него во овој период наместо да претпоставувате кои се причините за неговото однесување.

Здравје

И оваа недела ќе ја поминувате исполнети со тренинзи кои ќе ви помогнат не само кон посигнување на фит изглед за летната сезона, туку и кон зајакнување на вашиот имунитет.

Престојот на Сонцето во вашата амбициозна куќа ќе ве прави незапирливи во првите три недели од јуни. Енергија дефинитивно нема да ви недостига.

Совет

Не ги земајте нештата на било кое поле здраво за готово. Проверете пред да направите или кажете нешто!