Отварањето на  годинешното Скопско лето ќе биде на 21 јуни (четврток) во Македонска филхармонија со концерт од Израел на Дади Дганит . Овој концерт е и по повод одбележување на 70 години независност, на Израел.

Првата театараска изведба на годинашното „Скопско лето“ ќе биде ден по неговото отворање – в петок во МНТ ќе гостува загрепскиот театар „Гавела“ со „Крал Ричард Трети“ во режија на Александар Поповски. На прес-конференцијата режисерот рече дека претставата е нова, од минатата сезона на „Гавела“, каде што тој работи десетина години. Неговата претстава „Сон на летната ноќ“ беше десет години на репертоарот на овој театар во Загреб.

На прес-конференцијата денеска беше промовиран и водич за Скопје на англиски јазик „Guide Book Skopje“ на издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“. Претставникот Гоце Дртковски соопшти дека водичот за странци содржи податоци за се што е вредно во, како што рече, седум илјади години култура во Скопје.

После 25 години Скопје конечно ја  доби оваа објективната енциклопедија на англиски јазик, направена на ниво на европски водич за претставување една престолнина. Се очекува ваков водич да добие и градот Охрид.