Во текот на месец јуни во Богота, Колумбија, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia, официјално стана придружна членка на ECPAT International Global Network ECPAT International посветена на ставање крај на сексуалната експлоатација на децата.
Драги Змијанац на церемонијата во Богота

 

Детската амбасада Меѓаши е прва членка на ECPAT Интернационал од Република Македонија.

ECPAT е глобална мрежа на граѓански организации и коалиции кои работат заедно во 90 земји во секој регион во светот за елиминирање на сите форми на комерцијална сексуална експлоатација на деца.

ЕCPAT вложувa напори против комерцијалната сексуална експлоатација на децата од самото свое започнување пред 25 години како кампања за ставање крај на проституцијата на децата во туризмот во Азија. Денес, таа е препознаена како силна и кохезивна мрежа за застапување за правата на децата, која зборува во име на ранливи деца и деца-жртви на сексуална експлоатација. Меѓународниот Секретаријат на ЕCPAT е со седиште во Бангкок, Тајланд, каде што се роди движењето ECPAT.
ECPAT International има специјален консултативен статус со Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ECOSOC). Од своето основање, ЕCPAT е добитник на голем број наградни меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата Азија за демократија и човекови права во 2012 година и Хуманитарната Награда Хилтон 2013.