Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

Работа

Не, овој месец никако нема да се преокупирате со ситници и да навлегувате во непотребни детали, бидејќи ќе знаете дека најважно од сè е да ја гледате големата слика. Сонцето повеќе од три недели ќе патува во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, правејќи ве трудољубиви и посветени. Наградите нема да изостанат…

…Можеби ќе дојдат побрзо одошто вие си замислувате. На 10 јули Јупитер, планетата на среќата и амбициите, ќе го прекине ретроградното движење во вашата куќа на работата и парите. Е тогаш вашиот труд ќе биде вистински награден. Можно е да ја добиете работната позиција од вашите соништа, да добиете големо покачување на платата или да се израдувате на голем бонус. Не е исклучено и да заминете да работите во странство.

13 јули е уште еден ден кој ќе ви донесе новости во кариерата. На тој ден во вашиот професионален сектор ќе настапи млада месечина и ќе ви донесе прекрасен нов почеток. Семињата што ќе ги посадите на овој ден, ќе ви донесат одлични резултати по шест месеци.

Љубов

Топлиот јули ќе го размрда вашиот друштвен живот и ќе ве поттикне почесто да излегувате со пријателите, без разлика дали сте во врска или сингл. На прекрасен начин ќе балансирате меѓу љубовта и пријателството, но нема да ги толерирате оние кои ви будат лоши чувства.

Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе ги помине првите 10 дена во вашата друштвена 11-та куќа и ќе ве направи дружељубиви и отворени за разговор. Ако сте сингл, можно е да се заљубите во ваш пријател или да запознаете потенцијален кандидат за врска преку заеднички пријател.

Не го одбивајте партнерот за да бидете со вашето друштво ако сте во врска. Секогаш канете го на вашите собиранки и правете тој да се чувствува добредојден во вашиот друштвен свет. Заедно бидете дел од најлудите забави овој период и ќе видите колку позитивни промени ќе настапат во вашите односи.

Љубовта ќе ви стане сериозна тема откако на 10 јули среќната планета Јупитер ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на сигурноста. Ќе започнете да го претпочитате квалитетот пред квантитетот кога е во прашање времето што го минувате заедно. Наместо да барате од саканиот постојано да биде со вас, ќе барате од него да ви се посветува целосно во времето кога ќе бидете заедно. Игнорирајте ги телефоните и уживајте во меѓусебните разговори.

Некои парови во периодот по 10 јули ќе заминат на патување за да си ги подобрат нарушените односи.

Доколку не сте во врска, ќе трагате по личност со која ќе се чувствувате безбедно и која ќе умее да ве цени. Честопати тоа е некој кој сте го игнорирале или сте го сметале за здодевен само поради неговото сериозно лице. Некои сингл ваги ќе почувствуваат зголемена самопочит и ќе престанат да бараат некој кој ќе ги усреќи, бидејќи и сами ќе имаат исполнет и среќен живот.

На 10 јули романтичната Венера ќе влезе во вашиот сектор на завршетоците и опростувањето. Со нежната планета во овој ваш сектор, ќе бидете мотивирани да ставите крај на врските што не ве усреќуваат и конечно ќе соберете храброст да се збогувате со минатото. Некои ваги во втората половина од месецот ќе раскинат со партнер кој ги растажувал.

Најубавиот и најромантичен ден за вас оваа година ќе биде 27 јули. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, вивнувајќи ги во облаци вашите романтични чувства. Ако досега се состанувавте со некој што физички ве привлекувал, сега нема да можете да останете рамнодушни на таа привлечност и ќе дозволите страста да ве понесе. Не е исклучена можноста некој да ви признае дека е заљубен во вас.

Бидејќи на истиот тој датум ќе се случи и тотална лунарна еклипса, очекувајте животни промени и непредвидливи настани. Не се изненадувајте ако откриете дека носите бебе или ако партнерот клекне на колено пред вас. Ова е прекрасна

Здравје

На 10 јули, кога Јупитер ќе го прекине ретроградното движење во вашата 2-та куќа на секојдневните навики и рутините, ќе добиете силна мотивација да го подобрите вашиот начин на живот. Ветете си дека редовно ќе си легнувате навреме, дека редовно и здраво ќе се храните и дека ќе бидете физички активни. Не претерувајте поставувајќи си џиновски цели, движете се со бебешки чекори.

Совет