Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

ОВЕН / 21-03 ДО 19-04

Работа

Осмата куќа на богатството, заедничките инвестиции и парите од 10 јули ќе биде осветлена од директното движење на најсреќната планета Јупитер. Во периодот на  четиримесечното ретроградно движење во изминатиов период, учевте многу нешта и се соочувавте дури и со важни животни лекции. Сега е време позитивно да ги искористите. Некои овни ќе заработат преку продажба или купување на недвижен имот, додека други ќе добијат наследство или ќе им биде вратен заем.

Со  настапувањето на полната месечина во вашата куќа на тимската работа, ќе добиете награди за некој проект. Бидете поприсутни на социјалните мрежи, нудете онлајн услуги таму ќе бидете најдобри и најуспешни.

Љубов

Откако ќе поминат првите десет дена, за овновите настапуваат моменти на изненадувања, настани и одлуки. После 15-ти јули кога Јупитер, оваа среќна планета ќе го прекине ретроградното движење и ќе отстои пет дена во место, ќе тргне во директен поход во вашите интензивни чувства. Искористете ги анализите кои ги правевте во изминатиот период за да си го подобрите љубовниот живот. Хармонијата во љубовта ќе биде заштитен знак на љубовниот живот на многу овни.

Уште еден важен настан во вашиот хороскоп. Планетата на убавината Венера, на 10 јули преминува во вашата 6-та куќа на грижата за себе. Изгледот ќе ви стане преокупација. Ќе бидете физички активни и внимателни со храната и ќе се гордеете со она што ќе го создадете од сопственото тело.

На 22 јули Сонцето ќе премине во вашата 5-та куќа на романсата, ставајќи ја љубовта во вашиот фокус. Веќе сте во врска? Последните јулски денови ќе ги поминете „приклештени“ за партнерот. Страста која ќе ја чувствувате во себе ќе ве прави желни за неговите физички допири.

Ако сте сингл? Ако бевте задоволни со статусот сингл, сега ќе копнеете по партнер со кого ќе го минете летото. Кокетирањето ќе ви стане најинтересната активност за време на вечерните излегувања, па нема да ви недостига внимание. На 27 јули ќе настапи полна месечина во водолија и тотална лунарна еклипса. Големи се шансите за љубовна авантура за една вечер. Некои овни можно е да чујат романтична изјава од свој пријател или да дознаат дека имаат обожавател на работното место.

Здравје

Овој месец ако сакате да бидете фиички активни и да го одржувате својата кондиција во летните месеци, станете од комјутерот, оставете го телефонот и станете физички активни. Користете ги планетарните предности на борбениот Марс кој ќе ви укажува да посветите повеќе време во реалниот свет.

Совет -Уживајте во љубовта и користете ги можностите за напредок на работа.