Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

Работа

Со голема енергија и амбиции ќе успеете да се издигнете во кариерата. До 22-ри јули Сонцето ќе патува низ вашиот знак и ќе ви дава како и секогаш голема самодоверба и елан за работа. Можете да ги работите најсаканите проекти. Со еден збор работата ќе ве прави среќни.

Идеите ќе ви бидат екстремно креативни во периодот по 10 јули, па што и да предложите на работното место, ќе наидува на одобрување. Планетата Јупитер која с енаоѓа во вашиот сектор на креативноста ќе го прекине ретроградното движење на 10-ти јули и на 15-ти ќе тргне во директно движење.

На 13 јули, кога младата месечина ќе настапи во вашиот знак, време е за нов успешен проект а и време е да свртите нова страница која ќе ја пишувате следните шест месеци со успех. На 22 јули Сонцето ќе премине во вашата 2-ра куќа, што значи дека ќе се активира вашето поле за напредок на работа и екстра заработувачка.

Љубов

Ракови…….животот е онаков каков што самите ќе си го направите. Сонцето повеќе од три недели ќе се движи во вашиот знак, исполнувајќи ги дел од вашите роденденски желби.

На љубовен план ќе копнеете по стабилност, по некој кој знае што сака и кој не се плаши од последиците од сопствените постапки. Сериозните врски ќе ве привлекуваат и затоа можно е да се вљубите во некој повозрасен од вас или пак некој кој е преамбициозен.

Венера во првите 10 дена од јули ќе патува во вашата 2-ра куќа на сензуалноста, па ако сте во врска, користете ги задоволствата кои ви ги нуди животот заедно со партнерот. Одете на изложба на уметнички дела, купете си скапо вино, почестете се со вечера во луксузен ресторан… Разгалете ги вашите сетила!

Љубомората нема да изостанува во вашата врска ако е предизвикана од големата љубов која ја чувствувате кон партнерот или дека ќе се сомневате во неговата искреност. Имајте на ум дека сите ваши мисли може да се само плод на вашата фантазија. Разговарајте отворено!

Ретроградното движење на Марс ќе врати поранешен партнер во животот на некои ракови. Размислете како ќе реагирате доколку се судрите со бившиот за време на вечерното излегување. После 15 јули, Јупитер, планетата на среќата, ќе воспостави директно движење во вашето петто поле на страста, романсата и гламурозниот изглед. Некои ракови ќе ги направат посакуваните промени во изгледот .Новото е секогаш корисно!

Сингл сте?  Планетите ви даваат можност да отидете  на љубовен состанок кој никогаш нема да го заборават или ќе започнат врска во која ќе уживаат долги години. Ќе си дозволите и вие еднаш во животот да сакате без да се плашите од последиците.

Во врска сте? Бестрашно ќе ги искажувате вашите желби и потреби пред партнерот и многу страсно и жешко ќе биде во вашиот љубовен живот летово.

Сосед или нешто повеќе? Откако на ој што сте го запознале преку заеднички пријател. Ако сте во врска, почесто одделувајте си време за разговори со партнерот, бидејќи клучот кон успешна и здрава врска ќе се крие во комуникацијата.

Најважниот настан во вашиот љубовен живот ќе биде на 27 јули. Тогаш настапува полна месечина во вашето осмо поле  на интимноста, а тогаш ќе се случи и тотална лунарна еклипса. Можно е партнерот да ве запроси, да откриете дека очекувате бебе или да се вселите под ист покрив со саканиот. Доколку до тој датум пак уживавте во статусот сингл, тогаш ќе одлучите да споите усни со ваш додворувач.

Здравје 

Во текот на јули ќе се грижите за себе, за вашиот изглед и за вашето здравје. Ќе сакате да изгледате средено и фит, а Сонцето постојано ќе ви дава енергија за да се придржувате кон вашиот распоред со тренинзи.

После 27-ми јули сериозно ќе се  свртите да го исчистите вашето тело и дух од сите штетни насобрани токсини.

Совет: Запомнете, 10 јули! Венера ќе ви даде можност за нова љубов! Излезете надвор!