Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

Работа

Сонцето до 22 јули ќе патува во вашето петто поле на креативноста  поттикнувајќи ве да размислувате надвор од кутијата. Ќе наоѓате решенија за проблеми од кои сите се откажуваат и ќе постигнувате цели кои за многумина се недостижни.

Овој месец голема е веројатноста да склучите договор за партнерство со личност од странство или да заминете на работа во странство. Откако на 10 јули амбициозниот Јупитер ќе воспостави директно движење во вашето деветто поле  ќе ви се отворат многу нови хоризонти. Проектите и компаниите започнати во овој период ќе се покажат како особено успешни.

Во последните 10-тина дена од месецот со Сонцето  во вашиот сектор на перфекционизмот, зголемувајќи ја вашата посветеност на деталите и ќе забележувате и најмали ситници кои ќе ве прават да се чуствувате совршено.

Љубов

Страста ќе ве води во текот на јули, па ќе си дозволите да го живеете животот онака како што вие сакате, а не како што другите очекуваат од вас. Патување е запишано во небесните тела за вас.

Сонцето ќе ги помине првите 22 дена од јули во вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето, па ќе освојувате и заведувате без да се грижите како ќе изгледате во туѓите очи. Каде и да се појавите, погледите ќе се насочуваат кон вас, но наместо вам да ви биде непријатно поради тоа, вие ќе уживате во центарот на вниманието. Очекувајте многу додворувачи овој месец.

Веќе сте во врска? Флертувајте со вашиот сакан! Испраќајте му секси пораки, гледајте го заводливо додека разговарате со пријателите, погалете го кога најмалку очекува… направете тој да копнее за моментот кога ќе останете сами. Лесно ќе го постигнувате тоа. Зголемената страст кај некои риби ќе резултира со позитивен тест за бременост. Со две еклипси, животните промени се неизбежни овој месец.

На 10 јули Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе влезе во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, правејќи ја љубовта ваш приоритет. Ќе се впуштите во летни авантури заедно со вашиот сакан, бидејќи тешко ќе можете да се замислите без неговото присуство овој месец. Некои риби ќе се зближат со саканиот толку многу, што ќе започнат да разговараат за носење на врската на следното ниво.

Сингл сте ? Под „чадорот“ на Венера, ќе запознаете некој за кој ќе вреди да се откажете од дел од вашата независност и да го промените љубовниот статус. Сродните души ќе се спојуваат под влијание на планетата на љубовта.

На 27 јули ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на скриените агенди и завршетоците, осветлувајќи нешта кои досега не сте можеле да ги видите. Тогаш ќе се случи и најдолгата лунарна еклипса во овој век. Сите можности се отворени.

Здравје

Во првите три недели од јули, потребно е да се воздржувате од храна која знаете дека ви штети а ја посакувате. Кога Сонцето ќе премине во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот се ќебид еполесно за вас. Многу е важно во овој период да го зајакнете вашиот имунитет.

После 26 јули внимавајте на настинки, вируси и затоа повеќе внимание на себе посветувајте.

Совет: Ризикувајте, среќата ќе биде на страната на храбрите!