Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

Работа

Внимавајте на деталите додека ги извршувате вашите работни обврски овој месец. Сонцето до 22 јули ќе патува во вашата фокусирана 8-ма куќа, поттикнувајќи ве да ги набљудувате под микроскоп проектите што ги работите. Осмата куќа управува и со богатството, пасивните приходи и заедничките инвестиции, па можно е во текот на јули да направите мудра инвестиција со ваш партнер, да заработите продавајќи недвижен имот или да добиете наследство.

Сепак, важно е да внимавате како комуницирате со вашите партнери и соработници, бидејќи енергичниот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во вашата куќа на комуникацијата, создавајќи опасност од потенцијални конфликти. Не тврдете дека вие знаете сè, а другите ништо и користете дипломатија во сè што правите.

На 22 јули Сонцето ќе премине во вашиот сектор на претприемништвото и ризикувањето, правејќи ги последните 10-тина дена од јули погодни за основање сопствена фирма или проширување на веќепостоечката.

Споделете ги вашите големи идеи пред влијателни личности на 27 јули, кога полната месечина ќе го осветли вашиот сектор на комуникацијата и идеите, а ќе има и тотална лунарна еклипса. Ќе привлечете многу истомисленици кои ќе сакаат да ги сместат вашите замисли во реалноста.

Љубов

Јули ќе го започнете безгрижно и лекомислено, летајќи онаму каде што ќе ве однесе ветрот, а ќе го завршите стабилно, знаејќи точно каде сакате да бидете.

Романтичната Венера до 10 јули ќе престојува во вашата авантуристичка 9-та куќа, правејќи ве гладни за новитети. Со партнерот постојано ќе правите нешта кои се невообичаени за вас, ќе излегувате на места кои никогаш не сте ги посетиле, а ќе експериментирате и во спалната соба. Патувањата ќе бидат „впишани“ во првата недела од јули за многу парови. Токму тие заеднички моменти и искуства ќе ве зближуваат уште повеќе.

Дајте му шанса на момчето што постојано го одбивате затоа што не е ваш тип. Во овој период не треба да ѝ судите на книгата по нејзината корица, бидејќи можно е да се одушевите од нејзината содржина. Некои стрелци ќе се заљубат во лице од друга држава, а некои нема да сакаат да се вратат дома од летниот одмор бидејќи таму ќе ја пронајдат својата сродна душа.

Сепак, имајте предвид дека клучот кон здравата и успешна врска овој месец се крие во добрата комуникација и во склоноста кон компромиси. Ретроградниот Марс цел месец патува во вашиот сектор на комуникацијата, предизвикувајќи недоразбирања и конфликти меѓу паровите. Не ѝ придавајте значење на љубомората овој месец, бидејќи вашите сомнежи веројатно ќе бидат неосновани.

Ќе ја фрлите несериозноста далеку од себе на 10 јули и ќе ставите сериозен израз на лицето. Тогаш, романтичната Венера ќе се пресели во вашиот сектор на стабилноста, поттикнувајќи ве да трагате по долготрајна врска. Ако некој нема намера да биде со вас по 10 години, тој нема ни да има шанса да ве освои. Ќе ве привлекуваат личности што ве ценат и што не се плашат од обврзување.

Паровите ќе ги зачестат разговорите на теми како брак и деца, а токму смислувањето на тие планови за иднината ќе им ја подобрува врската. Ако сте во врска, можно е да се фатите себеси како смислувате имиња за вашите идни деца или како опишувате како изгледа според вас совршениот брак. Знаете ли што ќе биде најубавото кај вас? Тоа што ќе ја кроите вашата иднина, но истовремено ќе прифаќате дека сте различни индивидуи и ќе ги поддржувате личните амбиции на другиот.

Сексуална привлечност ќе се роди меѓу вас и личност од спротивниот пол на 13 јули кога ќе настапи млада месечина во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства. Таа привлечност ќе расте толку брзо, што можно е да ве натера да влезете во нова врска пред да сфатите што ви се случува.

На овој ден ќе настапи и парцијална соларна еклипса, што значи дека е време за големи животни промени и неочекувани одлуки. Ако сте во врска, можна е свршувачка, стапување во брак или бременост.

Можно е на крајот од месецот вашата фамилија или онаа на партнерот да започне премногу да се меша во вашата врска. Не молчете, кажете нешто!

Здравје

Вашето тело е ваше светилиште, па потребно е да внимавате што внесувате во него. До 22 јули Сонцето ќе патува во вашиот сектор на детоксикацијата, поттикнувајќи ве да се насочите кон исхрана богата со овошје и зеленчук и многу вода. Ќе сакате да имате „лесен стомак“.

Откако на 10 јули среќната планета Јупитер ќе воспостави директно движење во вашата 12-та куќа на одморот, ќе создадете рутини кои ќе ви ја зголемуваат енергијата. Секоја вечер легнувајте си рано, во истото време и будете се рано. Станете пред сите за да имате време само за себе, за да вежбате, да појадувате и на најдобар начин да го стартувате секој нов ден.

Совет: