Месечен хороскоп за месец јули, месецот на сонцето, месецот на средината од годината, и овој јули месец кој ќе донесе моменти за одуки на многу знаци пред се заради Јупитер кој ќе го запре своето ретроградно движење во 10-от ден од месецот, кога сонцето сеуште ќе биде во Рак, а ќе го продолжи своето директно движење на 15-ти јули. На 23 јули Сонцето ќе влезе во лав. Очекувајте многу промени и со Младата месечина во рак на 13-ти јули, и на 27 јули кога ќе настапи полна месечина во водолија, што е најдолгото затемнување на Месечината во 21 век. После само три дена од патувањето на Сонцето во лав, Меркурот на 26 јули ќе почне да се движи ретроградно во истиот знак.

Во секој случај интересен месец за сите хороскопски знаци

Работа

Ако постои личност која овој месец експресно ќе стигне до успехот, тоа несомнено ќе бидете вие. Можно е да стигнете и до лидерска позиција во вашата компанија.

Сонцето ќе ги помине првите три недели во вашата 6-та куќа на перфекционизмот, правејќи ве фокусирани и посветени на деталите. Огромната енергија ќе ви овозможува брзо и лесно да ги постигнувате зацртаните цели и ќе станете важен фактор во вашата професионална сфера. Сепак, многу е важно да научите да ги одделувате задачите кои морате вие да ги завршите и оние кои може некој друг да ги заврши наместо вас за да ги делегирате. Не правете сè сами.

На 15-ти јули,  Јупитер ќе тргне директно во вашето десетто поле  на кариерата и долгорочното планирање, отворајќи пред вас врати кои дотогаш биле заклучени. Можностите за напредок ќе бидат насекаде околу вас, искористете ги.

Огромен личен успех ќе постигнете на 27 јули, кога ќе настапи полна месечина во вашиот знак и ќе се случи најдолгото затемнување на Месечината овој век. Личен проект на кој сте работеле во изминатите шест месеци сега ќе ви донесе видливи резултати, а вие ќе бидете пресреќни.

Љубов

Јули е вашиот месец за љубов! Искрено ќе чувствувате дека сте сакани и нема да се плашите и самите да сакате со целото ваше срце. Романтичната Венера цел месец ќе се движи низ вашите сектори на партнерствата.

Веќе сте во врска? Со помош на хармоничната Венера ќе си ја подобрите комуникацијата со партнерот, а и ќе најдете начин како да поминувате повеќе време заедно. Не се изненадувајте ако одеднаш тој пројави желба да доаѓа на шопинг со вас или ако вие се вклучите во гледањето фудбалски натпревари со неговото друштво. Со  Венера во вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето, вие ќе се зближите со саканиот на подлабоко ниво. Во тек на јули нема да можете да ги одделите рацете од вашиот сакан. Сите вашите средби ќе завршуваат со еротска игра во спалната соба, бидејќи меѓу вас ќе биде огромна енергија на страст.

Сингл сте? Можеби ќе сте од оние водолии кои ќе одлучат да започнат врска  и тоа после 22-ри јули. Тој ден Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на обврзувањето и сродните души. Подгответе се да бидете запросени од вашиот сакан или да добиете покана да се преселите во неговиот дом. Врските ќе стануваат многу сериозни, па важно е да знаете што сакате. Ако сте веќе во брак, последните јулски дена ќе бидат прекрасни за вас.

Ќе мора да научите да правите компромиси и да ги жртвувате вашите лични интереси за доброто на врската во последните пет дена од месецот кога комуникативниот Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на врските. Дозволете разумот да преовладува над вашите чувства.

Здравје

Енергијата ќе ве прави активни и живи овој месец, па нема да можете долго време да седите во едно место. Сонцето повеќе од три недели ќе патува во вашиот сектор на здравјето и фитнесот, овозможувајќи ви постојано да го засилувате темпото со коешто вежбате. Ќе бидете неверојатно издржливи, па дури и самите ќе се изненадите од резултатите кои ќе ги видите во огледалото.

На 13 јули во вашиот сектор посветен на здравјето ќе настапи млада месечина и ќе ве поттикне да започнете ново поглавје во него. Смислете начин како да се храните поздраво.

Совет: Најдолгата полна месечина на овој век е токму во вашиот знак. 27 јули ќе биде најубавиот ден за вас не само овој месец, туку можеби и оваа година. Уживајте!