Овогодинешен добитник на Годишното признание за развој и афирмација на стрипот во Македонија е Игор Стевковски Стевац .Ова признание го доделува Стрип центарот на Македонија(со седиште во Велес) а го носи име на прерано починатиот бард на македонскиот стрип Љупчо Филипов.

Игор Стевковски е роден 1976 година. Има  дипломирано на факултетот за ликовни уметности, отсек графика.Тој работи  карикатури и илустрации, Слика и работи се друго што е поврзано со ликовната уметност. Има работено и за „Детска радост“ и „Остен“

Но, за пошироката публика најважно е што Стевац 14 години  е илустратор на стрипот кој излегува во неделникот „ФОКУС“.Овој стрип  всушност нема име и е негово алтер его. Во стрипот има дефилирано  скоро цела политичка сцена во државата.Во изработката на стрипот се смениле повеќе сценаристи коишто без пардон ги критикувале слабостите на политичарите од власта,претставени на комичен начин.

Според персоналот на Стрип центар на Македонија, со ова повторно се потврдува дека стрипот, како алатка може да има примена во повеќе социјални сфери.Но, исто така дејноста  на Игор Стевковски-Стевац е уште еден показател дека Македонија изобилува со стрип уметници,помалку или повеќе познати, нивниот опус треба да се афирмира

Досегашни добитници на признанието „ЉУПЧО ФИЛИПОВ “ се: Миле Топуз-стрип автор, Диме Иванов Димано-стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-тогаш млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли-стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова-автор и промотер, Киро Донев-директор на МЛАД БОРЕЦ, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски-стрип сценарист и промотер , Стрип книжарницата „Бункер“, „ОСТЕН“- Галерија и списание, Томе Трајков-промотер и Александар Стеванов-сценарист и хроничар.