Јапонците имаат култура на која сите им завидуваат, а тоа го потврдија и на Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија.

Веќе видовме како јапонските фанови чистат отпадоци од трибинскиот простор каде беа сместени на натпреварите од Мундијалот, а аплаузот сега ги собраа фудбалерите на таа репрезентација.

 

Јапонија вчера иако имаше водство од 0-2, на крајот го прокоцка и загуби со 3-2 од големиот фаворит Белгија во осминафиналето, па со тоа доживеа елиминација од таа фаза на турнирот. По мечот, кој го загубија со гол во 94. минута, од јапонскиот табор си ја исчистија својата соблекувална, и напишаа „Благодариме“ / Спасибо на руски јазик.

Со однесувањето помислуваме дека сме илјадници години далечни, ако се сетиме трибините, теренот и соблекувалните кај нас на што личат после секоја утакмица.

Секоја чест! Мора многу да учиме !