Двата тома “Критички методи и толкувања” во издание на МАНУ , е резултат на  научно-истражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“, деновиве излегоа од печат.

Според МАНУ, во македонската книжевна наука досега немало ни изворни (македонски), ни преработени книги (зборници, хрестоматии), во кои систематизирано се претставени систематизирани водечките критички и толкувачки методи.

Функцијата на оваа двотомна хрестоматија, според назнаките  не е поврзана само со нејзиниот теориски карактер, туку и со нејзината наставно-образовна функција. Поради тоа, ова издание е колку репрезентативно толку и корисно за македонската современа наука и култура.

Томовите се приредени од академик Катица Ќулавкова, а во нив се објавени текстови од : Иван Џепароски, Венко Андоновски, Јасна Котеска, Антоанела Петковска, Лидија Капушевска Дракулевска, Марија Ѓоргиева Димова, Ангелина Бановиќ Марковска, Мируше Хоџа, Владимир Мартиновски, Силвана Балнат, Бујар Хоџа, Вангел Ноневски, Ана Стојаноска, Калина Малеска, Соња Стојменска Елзесер, Анастасија Ѓурчинова, Нина Анастасова Шкрињариќ, Ана Кечан, Искра Тасевска, Кристина Димовска и Бошко Караџов.