На децата им требаат можности за креативна игра и размислување, кои помагаат за здрав психофизички развој. Затоа и ова лето Општина Центар, го организира културниот настан за деца “Остави го таблетот, симни се пред зграда”. Секоја среда од 18 часот, во летните жешки месеци од крај на јуни до крајот на месец август, Паркот Капиштец ќе биде центар за забава на децата. Ликовни и драмски работилници и други настани ќе го збогатат културниот живот на децата од Општина Центар а и сите други се добредојдени!

Вечерва од 18 часот, за сите родители: Оставете ги таблетите и дојдете на местото каде вашите деца ќе ја развваат креативноста, ќе цртаат и најважно од се ќе се дружат.