Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2018 година од областа на ликовната критика на Славчо Димитров, за неговиот предлог истражувачки проект „Ан-архични тела: „Естетското, корпореалниот материјализам, афектите и политичкото“.

 

Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.

Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.

Проектот на Димитров предвидува анализа на комплексноста на политичкото и естетското, дефинирано преку телесноста. Специфичниот фокус на оваа студија ќе биден насочен на испрелептувањето на телесноста, афектите, сензациите и емоциите како конститутивни за политичкото и за радикалните демократски проекти во контекст на македонското општество.

 

Доделувањето на наградата финансиски покрај што  е подржана од државата,во нејзината реализација голем удел има  и несебичната донација на семејството Баришиќ.