Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на „Рок симфонијата“ која се одржа синоќа на ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето.

Најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркетар на Битола – Rock Symphony, прекрасните музички изведби на Ненад Милосавлјевиќ – Неша Галија и дел од неговите пајпопуларни хитови, Михајло Трајковски – Сак, Арбен Бени Шаќири, Петар Младеновски – Пеце (СУПЕРХИКС) и Жарко Јакимоски, атмосферата ја подигнаа на највисоко ниво. Силни впечатоци, одлична забава и вечер за паметење за повеќеилјадната публика која синоќа се забавуваше на овој прекрасен настан на Битолското културно лето.

Извор http://www. apla.mk