Работа

Планетата на среќата, Јупитер, на 10 јули ќе премине во директно движење во вашето осмо поле а на богатството, заедничките инвестиции и парите. Во изминатите неколку требаше да научите многу лекции кои сега ќе треба да ги искористите позитивно.  Заработка преку продажба или купување на недвижен имот, добивање наследство или ќе им биде вратен заем. Некои вни ќе мора можеби да земат заем, кој ќе им донесе поголема заработувачка и стабилност. Во секој случај нешто ново во севкупниот живот почекајте да дојде откако Јупитер ќе ги помине потребните денови да се стабилизира од ретроградното движење и тргне со брзи чекори напред.Така ќе тргнете и вие.

Љубов

Оваа недела е најважната во вашиот хороскоп што се однесува до вашите интензивни чувства. На 10 јули – вторник, Јупитер планетата на среќата го прекинува ретроградното движење, но запомнете дека му се потребни неколку дена да се стабилизира и да тргне напред. Трпение уште малку! Очекувајте да ви се вратат вашите чувства и сето она што го анализиравте во изминатов период дозволете да се случи.

Оваа недела Венерата ќе влезе во вашата шеста куќа на финтесот и здравјето и ќе почуствувате елан кој веќе сте го подзаборавиле.

Здравје

Енергичниот Марс цел месец ќе патува ретроградно во вашиот сектор на технологијата и на моменти не ќе можете да ја разграничите реалноста од илузијата. Подалеку од социјалните мрежи за фитнес инспирација, бидејќи она што ќе го гледате во виртуелниот свет нема да бид ереално изводливо и само ќе се залажувате.

Совет- Уживајте  во неделата, но со трпение очекувајте ја следната, таа ќе ви донесе многу позитивни промени!