Во МОБ доаѓаат гранде солисти кои си го трасираат патот до светски сцени!

Разговорот за kulturno.mk  го водеше Валентина Георгиевска – Парго

kulturno.mk– Господин Асотиќ, поминаа неколку месеци од како сте на чело на најреномираната куќа на уметноста Македонска опера и балет, каде управувате преку една навистина ангажирана и богата програма. Еве на почеток во неколку зборови, што се случуваше на сцената на МОБ во изминатиов период?
Македонска опера и балет
Најпрво започнавме со градење на мостови за сорабтка  со други храмови на уметноста од Балканот па, и пошироко. Многу нови соработки, идни и сегашни. Подготвивме одлични Мајски оперски вечери, удостоивме странски куќи и многу странски солисти,  гости…  Промоции на наши амбасадори на културата како Аки Нуредини и наши врвни уметници.
Имавме спекткуларно отворање на „Башчаршиски ноќи“ во Сараево со  наши првенци како Наде Талеска Спасовска и Никола Стојчески под диригентската палка на Маестро Иван Еминовиќ.  Прекрасни балетски концерти и премиера на нов балетски спектакл „Либертанго“… Доаѓаат гранде солисти кои си го трасираат  пат до светски сцени! А, што следува? Уште многу многу нови спектакли и копродукции.   

kulturno.mk – Во МОБ гостуваа доста реномирани уметници од странство, а и наши уметници гостуваа во странство. патувавте и вие доста, договаравте следни настани. Што е најзначајно во сето тоа, кога би можело да се подреди по некоја значајност или барем хронолошки редослед?

 Мислам дека е доволно тоа што го кажав во одговорот од првото прашање.  Тука само би надополнил –  горд сум на сработеното а, реакциите на нашата ценета публика само ми даваат  поголем елан за многу повеќе работа и уште поголеми успеси.

kulturno.mk– Еден интересен проект беше прошетката на ариите низ Македонија, во кој млади уметници патуваа во разни места и изведуваа арии. каде бевте и каде допрва ќе одите?

– Македонска Опера и Балет како Национална Институција е државна институција која треба да е присутна на тлото на цела држава. Затоа и тргнавме со мисла да ја допреме класичната уметност до сите, во сите градови, во сите рурални места. Направивме прекрасна програма со наши првенци со најубавите арии… Претстава со интеракција на публиката и взаемно уживање. Посетивме неколку градови а, уште многу чекаат да договориме само термини после потпишувањето на меморандуми за соработка.

 

 

kulturno.mk – Младите како да се сила во која верувате. Ќе го освежите ли МОБ со нови талент, оперски изведувачи, музички уметници, балетски играчи

  Неодамна имавме гости од виенската Штац опера. Сакав да им се отвори врата ширум на нашите солисти, да се докажат и покажат надвор од нашите граници затоа што нашава држава е извор на квалитет. Наместо со свои средства да се изложуваат на трошоци им овозможивме на свој терен да докажат и покажат колку умеат. И покажаа. Неколкумина се веќе одбрани и во очекување на повик за потпишување на договор за настапи. Тоа значи дека верувам во сите кои работат во оваа наша врвна куќа. И да, ние сме со намера да го збогатиме ансамблот со нови солисти, нови уметници за да го подобриме квалитетот кој сега не е за потценување.

kulturno.mk– Ви недостига ли фаготот за ова време, во кое повеќе сте свртен кон менаџерските работи, а останува малку време за базичната професија? 

  Фаготот е моја љубов. Звук кој одзвонува во моите уши секојдневно, нешто што  живее во мене.   Но, во моментов како техничко лице кое се грижи за менаџерските работи на куќава се помалку имам време за да му се посветам. Посветен сум на креирање подобри услови за работа на уметниците, на создавање на програма која ќе допре до повеќе публика и воспоставување контакти со национални куќи од целиот свет. Посветен сум максимално на подигање на нивото на МОБ како институција во светски рамки!

 

kulturno.mk – Интересно е што во МОБ во мај, за време на мајските опески вечери се одржа и промоција на една навистина интересна книга, Да кажеме нешто повеќе за тој настан.

  Аки Нуредини е човекот кој е ценет и признат од голем дел на уметници од класичната уметност како Пласидо Доминго, Ренато Занела… Човекот кој е мецена на класичната уметност и кој живее за уметноста…   Како што го почитуваат насекаде низ светот така сакавме и ние да го испочитуваме овој човек кој пред се е роден во нашата земја, инвестира тука и е наш културен амбасодор со многу признанија. Ја промовиравме неговата втора книга. Чест беше негова но, уште поголема наша што како соговорник негов на промоцијата беше ценетиот г-дин Ренато Занела кој беше долгогодишен директор на Виенската Штац опера.  Промоцијата беше збогатена и со ариите отпеани од златното грло на нашата солистка која работи во Виенската Штац опера Ирена Крстеска.    Мислам дека беше настан кој ќе остане во длабоко сеќавање за сите и момент од животот на ценетиот г-дин Аки којијатни спомени.

kulturno.mk – Може да се забележи вашата ориентација кон европски и светски настани. Дали тоа значи дека МОБ завзема нов правец?

  МОБ е институција која е на ранг на светските институции на кои примарна дејност им е класичната уметност. Со врвни музичари, уметници и вредни работници кои неуморно се трудат да остане на рангот на кој е не можеме а, да не се стремиме кон „освојување на височините“… Да, МОБ ќе продолжи по една малку поинаква траса и со труд и желба за работа ќе стигнеме онаму кај што сме зацртале –  да бидеме на високо и значајно место на мапата на Национални куќи ширум светот и, место кое не само нашата ценета публика туку и туристите никогаш  нема да го одминат. Ние живееме и создаваме класична уметност!

Фото галерија -Ќазим Асотиќ , Валентина Георгиевска-Парго