Матеј Спасовски, ученик во осмо оделение во ОУ “Гоце Делчев” од населбата Илинден, објави збирка раскази “Приказни зад аголот”. Овој млад надежен писател првата промоција на книгата ја направи во Домот на културата во општина Илинден, а книгата пред присутните ја претстави промоторката Марта Марковска.

Матеј стана и добитник на наградата “Прозна гравитација” во категоријата “млад автор”, доделена од здружението за проза и наука “Нова” од Битола . Вредниот ученик подготвува нова книга им се заблагодарува на сите од општина Илинден и на своите родители за поддршката. -Во иднина ќе продолжам да пишувам бидејќи тоа е дел од мојот живот и мислам дека тоа на некој начин ме одмора и  ми ги полни “батериите”. Искрено, се надевам дека во иднина ќе прераснам во многу познат литерат и ќе настапам на Струшките вечери на поезијата, за културно изјави младиот Матеј.