Култниот мјузикл “Коштана”  од Борисав Станковиќ, кој се игра десеттина години и предизвикува голем интерес кај музичката публика, а во  музичка адаптација на Влатко Плевнеш ќе се игра на сцената на Долни Сарај во Охрид, на 22 јули од 21 часот. Влезниците се по 350 денари.
Коштана е музичката ѕвезда Силвана Мучиќ Плевнеш, а играат уште и бројни актери и музичари
 Слушателите ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо”, „Отвори ми бело Ленче”, „Крај Вардара седеше”..
 Овој музички израз е близок и познат и публиката сака да го слуша за добро расположение.
Издаден е и албум со песни од театарската претстава „Коштана” е во издание на „Сил-вла” продукција и веќе се наоѓа во продажба.