Препорачува

Филип Димкоски -поет

Филип Димкоски-поет

Почитувани читатели на Културно.мк, ова е изборот од моите пет омилени книги. Како што секое време е време за да се биде среќен, така и добрата книга се чита во секое годишно време. Не можам да речам дека ова се најдобрите книги за читање во лето, туку најтопло ги препорачувам како задолжителна лектира за животот на секој човек.  Со икслучок на книгата „Два света“ сите други во мојот избор се книги кои се мали по обем но огромни според содржината и пораките.  Сите се достапни на македонски јазик, објавени од македонски издавачки куќи. И навистина можеби ќе ги прочитате за многу кратко време, но тоа не значи дека сте завршиле со нивното читање.

 

Летото е долго и ви нуди можност овие книги да ги прочитате барем по два пати за да сватите дека во текот на целиот ваш иден живот треба од време на време да ги препрочитувате.

-Галебот Џонатан Ливингстон од Ричард Бах

  • -Малиот принц од Антоан де Сент Егзипери
  • -Пророкот од Калил Џибран
  • -Два света од (избор од творештвото на Руми, направен од Тихомир Јанчовски)
  • -Прирачник за воин на светлината од Пауло Коељо

 

Убаво лето со убава книга е секогаш поубаво!