Вечерва, во Пустец Рпублика Албанија, ќе биде отворено 11-тото издание на манифестацијата “Македонско културно лето “.

Манифестацијата ќе биде отворена со Концерт на Влатко Лозановски и Димитар Андоновски, а за најмладите Театарот за деца и младинци од Скопје, ќе ја изведе претставата “Црвенкапа“.

Фестивалот се одржува   во организација на Здружението на Македонците по потекло од Акбанија „СОНЦЕ“ од  Скопје а прв пат е подржан од Министерството за култура Република Албанија, покрај Министерството за култура на Република Македонија, Градот Скопје какои другиинституции од Македонија.

 

 

 

 

Фестивалот ќе има пет фестивалски вечери, на кои публиката ќе има можност д авиди уште четири претстави, а ќе заврши на 30-ти јули со изведба на претставата „Вдовицата се мажи „ од Театарот Ј.К. Џинот од Велес.