Трет ден во Отешево, во организација на Детската амбасада „Меѓаши“ се одржува обука за подмладок во волонтерската организација на СОС линијата, која е секогаш отворена и достапна за деца и млади на кои им е најпотребна.

Решивме да направиме нова ентузијастична група  од 15-тина волонтери, и среќни сме што во групата се вклучија од повеќе професионални профили на  психолози, правници, криминолози, социјални работници и наставници, и на тој начин тимот за помош на СОС линијата за деца и млади сметаме дека за брзо време ќе биде повторно достапна 24 /7 – вели Јана Зенговска, психолог во Меѓаши и одговорна за овој проект.

 

Линијата е во функција 25 години, иако во последниве три години поради технички причини не е секогаш активна со назнака дека за техничкиот дел се задолжени Македонски телекомуникации.

 

 

Мора да изнајдеме начини со помош на релевантните институции во државава, да обезбедиме достапност на телефонскиот број од сите оператори, со што би се вклучиле во Европскиот унифициран број за оваа намена – објаснува Драги Змијанац, претседател на Меѓаши.

 

 

Обуката ја водеше Ана Попризова-психолог и еден од првите волонтери на СОС линијата од самите почетоци. Таа во овие три дена заедно со младите волонтери, успеа да создаде профил на волонтер, кој ќе треба да го усвојат сите што ќе бидат вклучени и ќе биде во функција на оние на кои помошта им е најпотребна во функција  на најважното – СТОП НА НАСИЛСТВОТО И ЗЛОУПОТРЕБАТА ВРЗ ДЕЦАТА.

Во Меѓаши, после оваа обука и екипирање на новиот волонтерски тим, ќе се изработи и Водич за волонтери, по кои ќе можат да се водат сите пријавени случаи во интерес на нивно позитивно решавање, најава Гордана Пирковска -Змијанац директор на Организацијата.

 

Едно е сигурно дека младите волонтери, ги имаат сите услови да се стават во функција на заштита на правата на децата и младите од насилство и злоупотреба.