AB&B Accessories

Hey Friends, here is a sweet and short video of our AB&B accessories. It is a short description of what we do and how we do it! If you like the video please share it with your friends! Enjoy 🙂 #handmade #purses #jewelry ♻️

Publiée par AB&B Handmade Accessories sur Jeudi 29 mars 2018

СЕ НАЈДОВ СЕБЕ СИ! ЕУРЕКА, МОЈАТА СРЕЌА Е ЦЕЛОСНА !

kulturno.mk : Кога ја откри кретивноста кај тебе ?

Мојата креативност ја открив многу рано кога почнав да пишувам поезија. Пишував секогаш, но најчесто кога бев тажна и осамена и својата тага си ја пренесував на хартијата, која беше мој најдобар пријател. Таа секогаш ме слушаше. Подоцна откако ги родив моите три деца инспирирана од нив, јас повторно се вратив на пишувањето, а работев и во радио и имав своја емисија за поезија, поезија за душа. Низ годините секогаш се барав себе си, ја барав новата јас, која ќе ме направи целосно среќна. Пред 15 години почнав да правам накит, бижутерија. Работев заедно со мојата ќерка Бојана, но секогаш си велев, среќна сум, но не целосно, го барам делчето од мозаикот кој недостига за среќата да биде целосна. Пред шест години си го пронајдов делот што ми недостигаше.Многу денови и ноќи поминав проучувајќи ја техниката за правење монистра од хартија.

Накит

kulturno.mk: Зошто ја одбра техниката за рециклирање да правиш најнапред накит а потоа и ексклузивни чанти?

Како што реков токму во рециклираната хартија и давањето на уметнички облик се најдов себеси. Станав целата јас. Многу работев и успеав. Правев накит од хартија кој е направен за да трае, да се пренесува од генерација на генерација. Во меѓувреме моите деца се преселија во Америка и отидовме со сопругот на гости. Таму одблиску се запознав со чантите од хартија. Повторно се ставив себе си во улога на ученик. Денови кои се спојуваа со ноќите поминуваа, а јас со секој ден станував поуспешна во тоа што го работам. Ги усовршив сите можни начини како да ги изработувам чантите, а со тоа си додадов и свој начин, мој печат, мој бренд. Се најдов себе си. Еурека, мојата среќа беше целосна! Јас правам нешто што го нема во мојата земја. Мојот сон од ништо да направам нешто се оствари. Мој придонес за спас на планетата, рециклирам и создавам нешто убаво. Но, иако бев и се уште сум единствена што ја работи оваа техника со хартија, јас не себично го споделувам тоа со сите луѓе кои сакаат одблиску да се запознаат со моите чанти и накит, ( до сега освен мојата ќерка Бојана имам научено уште неколку девојки како да прават накит ).

Чанти од рециклиран матерјал

kulturno.mk : Според тебе кој е твој најголем личен успех?

За себе можам да кажам дека сум личност која е упорна во остварување на своите цели и желби, и скоро секогаш успевам. Посакав да направам изложба за моите чанти и накит, и си го остварив сонот.Изложбата беше повеќе од успешна, а доказ за тоа беше и веста која беше пренесувана во многу медиуми. Целта беше постигната, и денес после три години луѓето ме препознаваат по тоа што го работам со хартијата. Мојот дух никогаш не мирува, секогаш сака да истражува нешто ново, несекојдневно во моето опкружување.

Уметност на вода-Ебру

Kulturno.mk: За тоа е доказ дека скоро јавноста ја изненади со нешто сосема ново, нешто што го нема кај нас ,сликање на вода или како што е позната техника ЕБРУ! Како?

Минатата година, кај мене с епојави порив за нова авантура. Шетајќи на интернет се сретнав со Ебру уметноста, техника која е многу позната во Турција, но кај нас не. Во следните месеци деноноќно истражував, читав, учев, впивав се што може да ми биде од корист. За моја среќа кога бев повторно на гости кај моите деца во Америка, јас одблиску се сретнав со Ебру на Американски начин. Одлуката беше донесена, првите бои и се што ми беше потребно ги донесов од Америка. Кога се вратив и почнав мојата среќа немаше крај, следно беше да си порачам се што ми треба од земјата од која потекнува Ебру, Турција.

Презентација на техниката ЕБРУ во МОБ

kulturno.mk: Скоро во МОБ имаше имресивна презентација пред публика. Како се чуствуваше во тој час кога на заинтересираните присутни ни ги кажуваше тајните на ова сликање на вода?

После месеци учење и работа сметав дека е време да се покажам во јавноста со мојата нова љубов. Благодарение на Агенцијата моментум.мк која организираше настан во МОБ, јас добив шанса да одржам работилница која беше посетена од многу луѓе кои сакаа одблиску да видат како цртам на вода. Интересно е тоа што со ебру техниката не мораш да бидеш уметник за да создаваш дела, а доказ за тоа се моите производи, масите од дрво, марамите, сликите, се она што имам во мојата замисла јас можам да го насликам, едно единствено и неповторливо, исто како и со чантите и накитот кои и да сакам не можам да направам две исти

kulturno.mk: Во која насока те води твојот немирен кретивен дух?

Мои планови кои сеуште се желби се, да одам во Турција и да се усовршам кај врвни професори за ебру уметноста и да стапам во контакт со некои организации кои им помагаат на деца со посебни потреби за да ги учам како да ја работат оваа техника односно уметност, која во светот е многу застапена како еден вид терапија. Со мојата помош сакам да им ја пренесам и љубовта која ја чувствувам кон сите луѓе, низ годините сватив дека треба да ги сакаме луѓето за да имаме мир и спокој на земјата, само со љубов можеме да постигнеме се. Искрено се надевам дека ќе ми се јават тие кои ќе го прочитаат ова, а се спомнати, бидејќи заедно можеме повеќе, заедно можеме се.

kulturno.mk: Твоите резултати те прават среќна,но со што си најмногу горда?

Моето семејство

Покрај успесите во делот на креативноста и уметноста сепак за свој најголем успех во животот го сметам раѓањето на моите три деца, кои успеав да ги научам како да бидат луѓе. Низ годините на нивното растење растев и јас, заедно успеавме во осознавањето на животот, научивме дека е најдобро во се да бараме добра страна, дека секој заслужува да биде сакан и среќен.Таа наша односно нивна звезда водилка ги однесе во еден не познат свет за нив, Америка, каде се успешни секој во својот свет. Горда сум на себе и на нив.