Во Битола  до 1 август по 48 пат  се одржува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

– Овој фестивал е единствената сцена во Македонија каде што се негува и презентира изворната народна традиција претставена преку нардоните ора, песни, обичаи и носии. Фестивалот е своевиден мост за поврзување на многувековната традиција со денешницата, изјави Љупка Коларова Паевиќ, директорка на Центарот за култура-Битола.

Годинава на фестивалот ќе настапат 35 културно-уметнички друштва и фолклорни групи од Македонија, како и гости од Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Вечерва, продолжуваат фолклорните настапи на интернационалната вечер, со групи од Србија, Хрватска, Полска, Шпанија и Македонија.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ – Битола се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со финансиска поддршка на Министерството за култура.