Во Општина Куманово денеска ќе биде промовирана Младинска повелба за мир.Ова е документ со препораки за надминување на меѓуетнички конфликти и зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците.

Повелбата за Мир содржи ставови и барања на стотина  младинци од различна етничка припадност од општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово, кои преку низа настани имаа можност меѓусебно да се запознаат и да проговорат за своите проблеми.На средбите младите имаа можност да предложат и побараат решенија за нивно надминување, како и да преземат заеднички акции за подобрување на интеракцијата и соработката помеѓу младите.

Повелбата за мир ќе биде промовирана како дел на завршниот настан организиран за презентација на резултатите од реализација на проектот „Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот Рамковен Договор (ОРД)” финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската Агенција за Меѓународен Развој и Соработка, Сида.