Mостот во близина на Да Нанг, Виетнам ги воодушеви посетителите со својот елегантен дизајн. „Златниот мост“, стои на 1.400 метри надморска височина над ридовите Ба На и нуди прекрасен поглед кон околните села.

Златната обоена патека е наредена со виолетови хризантеми и се протега речиси 150 метри со неговиот елегантен дизајн. Всушност, извајаните раце даваат вистинско воодушевување. Дизајнот за мостот е дело на архитектноската компанијата „ТА Лендскејп“. Иако изгледа дека рацете се направени од камен, всушност не се.

Виетнам стана посакувана туристичка дестинација, бидејќи сѐ поголем број на луѓе ја откриваат убавината на оваа извонредна земја.