Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложба на дела од уметницата Снежана Малетин. Изложбата содржи 20 дела кои се резултат на истражување на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники.

Желбата да работам литографија ме натера да истражувам во оваа област. Многу информации пронајдов на интернет, каде се сретнав со сајтови кои сериозно проучуваат користење на нетоксични материјали во уметнички процеси – вели Малетин. Една од овие техники е наречена kitchenlithography или литографија од кујна.  Оваа техника пружа можности да се работи со неа во простории кои не се графичко атеље, а дава одлична подлога за креативен процес – открива авторот на необичните дела. Материјалите кои ги користи во создавање на делата се наоѓаат непосредно во нашата околина .

Изложбата трае до 16 август, па секој што сака да види нешто необично, несекојдневно и еколошко, а е во рангот на квалитетната уметност, нека обезбеди време за оваа изложба.