Буден Театар ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.

Вклучете се во кампањата на следниов начин: – Пронајдете локации во вашата средина кои се неприфатливи од еколошки аспект, односно локации пред кои градот „замижува“. – Пред мапираната локација фотографирајте дете, со замижани очи. – Прашајте го детето како тоа место би можело да се промени кон подобро. – Фотографиите и идеите на децата објавете ги јавно (public) на вашите Фејсбук и/или Инстаграм профили со хаштаговите #ЗамислиПромена #БуденТеатар #Скопје или испратете ги на е-маилот zamislipromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2018 година.

Кампањата е отворена за сите жители на Скопје и околината. Еден автор може да објави најмногу 5 фотографии. Фотографиите треба да бидат лично дело на објавувачот и нема да биде дозволено преземање фотографии од интернет. Не е задолжително фотографиите да бидат направени со професионален апарат. Фотографиите заедно со пораките ќе ги објавуваме во фотоалбум на нашата Фејсбук страна- стои во Конкурсот за оваа еколошка кампања.

Најдобрите 10 фотографии со испишаните детски замисли за промена ќе бидат изложени на фреквентна локација во Скопје и ќе бидат дел од промотивната кампања на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР. Во рамките на фестивалот ФЕНЕР ќе бидат организирани три еколошки акции со кои ќе се оствари промената која е замислена од страна на децата.

Буден Театар го задржува правото да ги одбере трите фотографии и идеи според кои ќе ги реализира овие акции, во однос на она што во моментот е остварливо. Вклучете се во кампањата затоа што преку грижата за околината активно ја манифестирате грижата за сопствените деца. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Автори на насловното видео : режија- Милиана Ленак Камера: Владимир Димовски Монтажа: Сандра Ѓорѓиева Актерки: Сирма Шопова и Моира Ленак Тон: Симон Кипровски Тонска постпродукција: Зоран Проданов Музика:Дени Омерагиќ по мотиви на песната “Скопје” од Импулси