Службата за социјална заштита на населението во Москва отвори над 300 ,,студени соби “ во сите делови на градот. Секоја од овие соби може да прими околу 100 000 луѓе месечно. Во овие простории посетителите може да добијат и лекарска помош , а во ,,студената соба“ ќе може да гледаат телевизија, да читаат или да играат друштвени игри.

Прв пат вакви соби беа отворени во Москва во летото 2010 година,  кога температурата беше многу висока. Деновиве во Москва се измерени над 30 степени.