Октетот „Прилеп“ како учесник на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола, за својот овогодишен настап  доби награда од жирито на фестивалот за најдобра изведба на староградска музика.

Октетот работи со поддршка на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп повеќе од 15 години, а има издадено три албуми со 40 композиции и ја одржува традицијата за староградска музика. Октетот „Прилеп“ остана единствен активен октет на староградска музика кој функционира во Македонија непрекинато, со редовни концертни настапи и проби.