Сент Мишел, планина ни на копно ни на море.

Една од првите градби ставени во листата на светското богатство на Унеско (во 1979 година) е планината Сент Мишел во Франција. Освен по својата убавина, ова место е специфично и по уште нешто. Овде можат да се забележат најголеми разлики на нивото на морето во текот на плимата и осеката кои достигнуваат дури 15 метри. Иако овој феномен е многу интересен, тој е и многу опасен за посетителите. Имено, ако се најдете на пат кон планината за време на осеката, песокот е воден и може да потонете во него како во живо блато, а со плимата, која доаѓа брзо, може и да се удавите.

Поради екстремните плими и осеки, морето знае во пролетните месеци да се повлече и 15 километри, па тогаш планината е на копно, додека за време на високата плима се претвора во остров среде море. На врвот на планината се наоѓа манастрирот посветен на Св. Мишел и средновековна тврдина изградена околу него. До манастирот водат 900 скали. Во тврдината живеат помалку од 50 жители, а годишно го посетуваат 3 милиони туристи.

Виктор Иго има кажано дека планината Сент Мишел е за Франција исто што и пирамидите за Египет.

По сето ова, Сент Мишел е место кое вреди да се посети.