Додека кај нас ова лето, не навикна дa  променливи температури и постојано дожд, во нордиските земји месец јули беше со рекордно високи температури. Во Шведска на пример , во текот на јули се регистрирани рекордно високи температури какви одамна Швеѓаните не ги почуствувале.

Од таквите високи температури се случи и природен феномен а тоа е Глечерот на шведската планина Кебнекаисе, кој се стопи и со тоа го изгуби приматот на највисокиот врв во таа земја. Во јули, овој врв изгуби четири метри снег.

Од Институтот во Стохолм кој ги следат овие природни промени, загрижено изјавуваат дека Кебнекаисе е  глечер кој е  симбол на сите глечери во светот. Целата околина се топи, снегот се топи и влијае на целиот екосистем: растенија, животни, клима, се.

Кабнекаисе е популарна туристичка дестинација во северниот дел на Шведска и се состои од северен и јужен врв.
Кон почетокот на неделата, јужниот врв се издигаше на 2.097 метри, што значи беше повисок само 20 сантиметри од северниот.

Климатските промени неспорно е дека предизвикуваат целосни промени во светот и кој според стручњаците треба да ги очекуваме се повеќе во следниот период.