Утревечер, НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп, ќе организира Унгарската вечер во соработка со Здружението Телехаз и Амбасадата на Унгарија во Македонија.

Ќе настапат оркестарот „Фокош“ и Фолклорната група Селенце.
Оркестарот „Фокош“ зад себе има голем број настапи во странство од кои најважни се во Виена и Штутгарт, во Лудвигштејн и Руст (Германија) и Тампере (Финска), а е добитник на бројни награди.
ФГ „Селенце“ спаѓа во елитното друштво на фолклорните групи во Војводина. Редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари и е вброена во гала претстави.
Покрај голем број награди до сега шест пати е прогласена за „Извонреден национален ансамбл“, а во 2017 градот Бечеј ги одликувал со највисоко општинско одликување.