Роберт Редфорд на 82 години оди во пензија. Американскиот актер го сними филмот „Старецот и пиштолот“ и најверојатно тоа ќе биде неговата последна улога. Во овој  филм тој го глуми Форест Такер, вистинска личност, осуденик кој се фалел дека е поуспешен во бегање од Хари Худини. Филмот треба да се појави во киносалите на 28 септември.

 

Редфорд, глуми од својата 21 година,а се докажа и како режисер, па на прашањето дали неговите режисерски денови се завршени, Редфорд резервирано одговорил: Допрва ќе видиме