Вечер во 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетска вечер, на која со своето творештво ќе се претстават 15 поети – членови на Клубот на литературни творци Прилеп. Поетската вечер е во рамките на Прилепското културно лето.