Вечерва на Охридско лето од 21 часот на Долни Сарај ќе биде изведбата на драмската опера  “Девојката со жиците” од Марјан Неќак и Маја Хрговиќ.


„Девојката со жиците“ е современа драмска опера за виолинистка кој патува со воз низ Европа. Преку нејзиното патување, се исцртува приказната за нејзиниот живот. На почеток, таа е девојка која сонува и сака да стане славен музичар, но татко ѝ ги потрошил парите за нејзиното школување. Подоцна, таа е зрела жена која сè уште трага по нејзиното место под европското небо, откако целиот свој живот го минува како улична музичарка. Сѐ е на купче.

Ја натежнала тешката економска ситуација, комплицираниот однос со пропаднатиот татко, потрагата по место во современа Европа, која сѐ повеќе е социјално исклучувачка, „испредена“ со бодликави жици, ѕидови и секакви ограничувања. Приказната е универзална и е потсетник на позицијата на бројните надарени поединци, кои и моментално бараат засолниште во кое ќе можат да ги развијат своите потенцијали.

Оваа интимна драма, поставена во позадината на општествените случувања во современа Европа, се одвива на границата помеѓу реалниот свет и сонот. Меѓу препознатливите, но често непријатни ситуации на граничните премини и станици, спомените и визиите во кои се преплетуваат, времињата и јазиците, музиката и поезијата, горчината и убавината на животот.

Автор на стиховите е Ана Бунтеска, режијата е на  Марјан Неќак а проектот е копродукција на : СНГ Драма Љубљана, Словенија и Подвижен Музички Театар – Битола, Македонија. 

Улогите ги толкуваат:Таа: Барбара Церар, Тој: Урош Фурст, Гласот на полицаецот: Бранко Штурбеј.