Градот Сантана-Романија

Тврдина од бронзено време, деновиве открија археолизите на Романија. Таа е изградена помеѓу 1400 и 1200 година пр.н.е. и се наоѓа во близина на романскиот град Сантана. После 9 години истражувања на Романските археолози дошле до ова големо откритие со помош на германските археолози кои им обезбедиле и специјална опрема.

Романските и германските археолози пронајдоа праисториска тврдина во западниот дел на Романија изградена пред 3 400 години, изјави Флорин Голгатан, истражувач од Институтот за археологија во романскиот град Клуж. Тој изјавил за АП дека, ова откритие претставува една од најголемите праисториски тврдини во период на бронзената доба во Европа.

Според информациите, тимот од археолози користел посебна археолошка магнетна опрема за мерење на површината на градбата под земјата. Тимот на местото каде што е пронајдена тврдината минатата недела заврши со копање на 55 од 80 хектари земја, а со копањето ќе се продолжи следната година.