Новата учебна година за учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Скопје ќе почне во реновирано училиште. Се работи на реконструкција на фасадата со што училиштето ќе добие комплетно нова енергетски ефикасна фасада, што ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија.

Ова основно училиште е доградено на површина од 532 м2. Со ова учениците имаат шест нови училници и три помошни простории. Во рамки на градежните интервенции е поставен лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.