Дводневниот  „Фестивал на староградска музика и вино“, започнува вечерва во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Со почеток во 21 часот денеска битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на Тони и Акорди бенд, Мелос бенд, Икс бенд, Бојан Стојков, Марија Груевска, Папалот.

Утревечер пак се настапите на Деспина бенд, Екстраваганза бенд, Димитар Андоновски, Билјана Дамјановска- Јанчевска и Борче Наумовски.

Фестивалот се одржува во рамките на Битфест.