Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди концерт на камерна музика со ансамблот што го носи името на најпознатиот хрватскиот композитор, Игњац Фукс алијас Ватрослав Лисински со дела од Артиуниан, Прокофјев и Хајдн.

На концертот што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат виолинстката Фросина Богданоска, виолинистот Хрвоје Филипс, контрабасистот Илин Диме Димовски, обоистот Дарио Голчиќ и кларинетистот Дарио Голчиќ и Јана Павловска- Молц.

Сите шестмина музичари се активни на музичкит сцени низ светот со постојани успеси и потврди за својот квалитет. Вечерашниов концерт ќе биде уште една потврда за нивните музички вредности.