Последниве 20 дена  Охрид беше  центарот на комедијата. тековно се одржува Комеди Маратон на кој земаат учество комичари и комични претстави ,стенд-ап комедија, кабаре претстави, како и настап на  театар за импровизации “Импровокација”.

 

Во сабота,11 август маратонот завршува со  Гранде Финале, односно најдоброто од се што се случуваше на овој единствен комичен театарски летен настан. Ќе бидат изведени шест претстави меѓу кои и “Импровокација”.

 

Подготвени за добра забава и многу смеа, Џез Ин од 21 часот ќе биде убаво место за да го посетите.