Меѓународниот арт-фестивал „Езерски бисери 2018“ во Струга, кој оваа година ќе се одржува неделата межу 7-14 август, веќе ги започна своите активности со талентите кои пристигнаа во Струга од: Македонија, Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Казахстан, Литванија, Србија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Турција.

Во повеќе категории и повеќе уметнички фестивалски вечери ќе се одвива оваа манифестација годинава .Сите настани ќе се одржат во  Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

В петок 10.8 од 21 ч. ќе се одржи избор за европска убавица, во организација на „Ворлд бјути контест“ (World Beauty Contest) од Москва. Осумнаесетте кандидатки за оваа ласкава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.

В сабота, 11.8.2018 ќе се одржи натпреварот во класика и естраден вокал и танци ќе се одржи  во 10 ч., а настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.Публиката ќе може да ужива во најатрактивните музички и танц изведби на традиционалниот гала-концерт кој ќе се одржи во недела од 21 ч.

Во рамките на фестивалот, кој трае 7-14.8.2018 ќе се одржат повеќе мастер-класови за учесниците, за кои се организирани и посета на Охрид и Вевчани.

Најдобриот учесник ќе добие награда Гран при, фестивалска статуетка, парична награда од 1.000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.