Јубилејниот, 25-ти интернационален музички фестивал „Охридски трубадури’’ ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември . Изведувачите ќе настапуваат на голема бина која ќе биде поставена на Охридското Езеро во самиот центар на Охрид.

Песните се веќе снимени, а дефиниран е и списокот на странските пејачи кои ќе учестуваат на овој голем балкански музички спектакл: Ален Исламовиќ ( БиХ), Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер и групата „Колонија’’ (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), групата ’„Балканика’’, Марко Кон, Мерима Његомир и Нада Обриќ (Србија).

Овогодишната Фолк вечер на музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос.Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат 22 песни кои ќе ги исполнат Петар Нечоски, Милован Секулоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков’’, Мерима Његомир, „Молика оне’’,’„Соната’’, ’„Скопски боеми’’, Ѓорѓи Дичоски, Сашо Николовски, Серафина Фантаузо, Зоран Христов, Дејан Добревски, Методија Столески, Руса и Раде, Мирко Вретоски, Нино Величковски, Сандра Милковска и Кумановски трубадури.