Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња (кучиња и мачки).Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена. Се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња.

Вградувањето на микрочипови кај домашните миленици се спроведува за да се откријата сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.Инаку согласно Законот за заштита и благосостојба на животните како основно правило е дека сопствениците  не смеат да ги напуштат домашните миленици.

Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. Сместувањето на животните треба да биде на начин со кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори од животната средина. На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода со соодветен квалитет како и храна со соодветна хранлива вредност, хигиенски исправна и соодветна за нивната старост и вид заради оддржување на здравјето и физиолошките потреби.