Лесен летен викенд ручек

1. Тиквичката се мие, се сечка на тенки парчиња, сите кругчиња се посолуваат и се
оставаат во чинија 10-тина минути, па се пржат.

2. Замрзнатите сурими стапчиња се оставаат да се одмрзнат и потоа се пржат во жешко масло неколку минути од сите страни до поруменување.

3. Печените пиперки се лупат. Секоја пиперка се брцка во матено јајце, па во сусам
и се пржи кратко од двете страни, без да прегори сусамот. Остатокот од јајцето може да се испржи како кајгана.

Сето се сервира во чинија и се декорира по желба со магдонос и луто.

Потребни состојки:

7 парчиња (100 гр.) сурими стапчиња

1 тиквичка, 3 печени пиперки,  1 јајце, 30 гр. сусам,по потреба масло и сол

Извор: https://moirecepti.mk