Репортажа за Антверп , од рубриката Младите пишуваат, Волонтерски центар Скопје

Антверп е еден од најголемите и најубавите градови во Белгија, но не е главниот град. Има прилично мултикултурно население од околу 500.000 луѓе. Градот се наоѓа на реката Шелд, што го прави градот второ најголемо пристаниште во Европа, после Ротердам во Холандија. Антверп е познат по различните етницитети, увоз и извоз на дијаманти, и секако препознатлив по старите градби.

Централната Железничка Станица во Антверп

Најубавата железничка станица во светот, одбAntwerpen_Centraal_station_12-07-2010_14-04-17рана од многу списанија, е онаа во Антверп. Изградбата започнала во 1895 и  требало 10 години да се заврши. Причината е поради тоа што на врвот од зградата има купола со златни декорации. За време на Првата Светска Војна, зградата  била не целосно уништена, што го олеснило процесот на реновирање.

 

Боукенборг парк

Во пределот Мерксем во Антверп, постои парк со вакво име. На прв поглед може да ви се чини како обичен парк со замок, многу дрва и езерце во средината, но е многу повеќе од тоа. Тоа е центарот на младите, што всушност го прави паркот пожив. Една од просториите во замокот се  користи како кафе бар за време на работните денови, а исто така може да се користи за организирање на забави и прослави за викенди, или пак може да се користи за учење или одморање. Една од причините поради која го посетувам овој бар е затоа што сите вработени се волонтери.

 

Merksem_park_3
Фотографија од Steven Wittevrouw/AMF Фотографија од Steven Wittevrouw/AMF

Всушност јас и самиот сум волонтер. Пиење пиво во барот е едно од нештата кои ги правиме, но секако, одиме заедно и на викенд, посетуваме фестивали, ресторани и сл. Искрено, тоа е едно од местата во Антверп кое ме направи тоа што сум денес, и не можам да не го спомнам.

 

 

 

Извор : http://voiceskopje.org